| четврток, 6 декември 2018 |

Хомеопатијата е опасна по здравјето

Заклучокот на РАС ги зголеми критиките против хомеопатската медицина во Русија. Минатиот месец студентите од Првиот московски државен универзитет поднесоа петиција за забрана за учење за хомеопатските принципи во медицинските училишта

Руската академија за науките (РАС) ја означи хомеопатијата како опасна за здравјето и побара од Министерството за здравство да ја стопира употребата на хомеопатски лекови во руските државни болници, јавија руски медиуми.

Комитет на РАС утврди дека некои пациенти ја отфрлаат стандардната медицина во корист на хомеопатските лекови, доведувајќи го својот живот во опасност, пренесува „Москоу тајмс“.

Комитетот, исто така, предупреди дека некои хомеопатски таблети без лиценца содржат токсични материи.

– Принципите на хомеопатијата се косат со познатите хемиски, физички и биолошки закони, а уверливи научни тестови, со кои би се докажала нивната ефикасност, не се достапни – наведува Комитетот на РАС во својот извештај.

Заклучокот на РАС ги зголеми критиките против хомеопатската медицина во Русија. Минатиот месец студентите од Првиот московски државен универзитет поднесоа петиција за забрана за учење за хомеопатските принципи во медицинските училишта.

Исто така, Руската федерална царинска служба  во ноември 2106 година воведе нови прописи принудувајќи ги произведувачите да ја докажат делотворноста на секој хомеопатски производ што сакаат да го продадат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top