| четврток, 6 декември 2018 |

Досега невидено во фудбалот: 40 илјади фанови на Бешикташ со знаковен јазик ги бодреа своите миленици (Видео)

Бешикташ со чудесно враќање во последните 10 минути успеа да ја надомести негативата од 3 гола на натпреварот против Бенфика, враќање со кое успеа да се избори за голем бод (3:3) кој го остави во игра за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Мајсторскиот гол на Тосун и бравурозната асистенција на Кварезма со рабона беа моментите кои секако го одбележаа овој натпревар, но сега турските медиуми на големо пренесуваат една ситуација која досега не е видена на стадионите низ Европа.

40-илјадната публика на „Водафон арена“ со уникатен иновативен начин ги бодреше своите миленици на самиот старт на натпреварот, кога наместо нормалното скандирање и бодрење, употреби знаковен јазик во чест и поддршка на глувномените лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top