Бешикташ со чудесно враќање во последните 10 минути успеа да ја надомести негативата од 3 гола на натпреварот против Бенфика, враќање со кое успеа да се избори за голем бод (3:3) кој го остави во игра за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Мајсторскиот гол на Тосун и бравурозната асистенција на Кварезма со рабона беа моментите кои секако го одбележаа овој натпревар, но сега турските медиуми на големо пренесуваат една ситуација која досега не е видена на стадионите низ Европа.
40-илјадната публика на „Водафон арена“ со уникатен иновативен начин ги бодреше своите миленици на самиот старт на натпреварот, кога наместо нормалното скандирање и бодрење, употреби знаковен јазик во чест и поддршка на глувномените лица.
Beşiktaş taraftarları, dünyanın ilk sessiz tezahüratına imza attı. pic.twitter.com/ebFaYKEGq5
— TivibuSpor (@tivibuspor) November 23, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“