Времето денеска на повеќе места ќе биде облачно и магливо, а сончеви периоди ќе има на повисоките места и планините. Околу пладне, сончеви периоди ќе има и по котлините. Само на места ќе дува слаб јужен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.
Во поголемиот дел од земјава утринава има појава на магла и ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност. Видливоста е најмала во Пелагонија и Демир Капија, каде што изнесува 50 метри.
Управата за хидрометеролошки работи најавува дека и во петок ќе се задржи стабилно време со магла и ниска облачност по котлините, но кон крајот на денот и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.