Хауард Веб долги години важеше за најдобар и најреспектабилен англиски судија, но по неговото повлекување доста актуелен е со своите изјави и исповеди кои често знае да ги пренесе во јавноста.
Таков е случајот и овојпат кога говореше при гостувањето во „Би-Ти спорт“, а со својата изјава за божиќните желби кои ги добивал од голем број премиерлигашки ѕвезди едноставно ги шокираше сите влијателни британски таблоиди.
Поранешниот англиски судија открива дека фудбалерите барале од него да им дава жолти картони во втората половина од месец декември, со цел да бидат слободни за време на божикните и новогодишните празници кога традиционално во Англија се играат голем број натпревари.
– Околу божиќните празници во Премиер лигата, фудбалерите сакаат да земат мал одмор. Ми порачуваа дека жолт картон им одговара во ситуацијата. Знам дека фановите не сакаат да го чујат ова, но се случуваа такви работи – вели Веб во своето излагање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.