Лекари во првата приватна општа болница „Ре-медика“ породиле здраво женско бебе и извадиле тумот тежок осум килограми, објави „Нова Македонија“.
Лекарски тим, на чело со гинекологот, д-р Зоран Јовановски, освен што направиле успешен царски рез го извадиле и туморот на јајчникот, кој пораснал дури до триесетина сантиметри и тежел повеќе од осум килограми. Испитувањето покажало дека туморот е бениген.
Ова е еден многу редок случај, кога во исто време се оперира и за да се породи жената и се вади толку голема циста.
Пациентката била породена во 37-та недела од бременоста со царски рез. Малата Софија е родена со тежина од 2.350 грама, а долга 48 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Конечно откриено: Еве како туморот со толкава брзина се шири низ човековото тело