| четврток, 6 декември 2018 |

Очајни потези на СДСМ – вандализам и деструкција и во Неготино

Два нови случаи на вандализам врз штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во пресрет на денешниот митинг во Неготино, доцните часови оштетени се два штаба на владејачката партија во Неготино. Овој инцидент доаѓа по униптувањето на билбордите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, а и овој случај ќе биде пријавен во полиција и во ДИК.

Вчерашниот вандалски чин е втор во низа и само ги потврдува информациите дека СДСМ оди на валкана кампања и се обидува да испровоцира инциденти со кои би фрлиле дамка на изборите и би отвориле простор за непризнавање на резултатите.

stab

Во прилог на вандалското однесување оди и индиферентноста на техничкиот министер за внатрешни работи и генерален сектетар на СДСМ, Оливер Спасовски, и молкот на Министерството за внатрешни работи, кое не излезе со никаква информација околу идентитетот на сторителите кои во Струмица го уништуваа пропагандниот материјал на „Коалицијата за подобра Македонија“.

Овој вандалски чин е втор во низа во период од само 24 часа, откако во понеделникот доцна вечерта во Струмица платени хулигани од страна на СДСМ го уништија централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица. Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост.

banerstrumica2 banerstrumica4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top