| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската федерација на Македонија работи со профит

Фудбалската федерација на Македонија денеска за првпат јавно ги објави резултатите од финансиското работење според кои остварено е зголемување на приходите за 31,5 % во однос на ланската година пишува порталот Економски.мк

ffm

– Фудбалот е спорт кој бара голема посветеност, тимска работа и меѓусебно почитување. Тоа се вредности кои ние ги негуваме и поддржуваме и со таа цел денеска ги објавивме резултатите на финансиското работење. Овој чин и понатаму ќе го практикуваме со надеж дека со тоа ќе продолжуваме да ја добиваме довербата од клубовите. Продолжуваме со проекти значајни за развој и афирмација на фудбалот во Македонија, истакна Ѓорѓиоски на денешната прес-конференција.

Според презентираните податоци, ФФМ има раст на приходите од 31,5% во однос на минатата година, при речиси исто ниво на вкупни трошоци, што значи подобрување на финансиската сосојба на федерацијата. Направено е значително намалување на нефудбалските расходи, и нивна прераспределба во подобрување на квалитетот и професионализмот на стручните кадри инволвирани во сите фудбалски категории, а се со цел развој на македонскиот фудбал.

Извештајот покажува и значително намалување на долгот кон добавувачите во однос на минатата година. Од ФФМ информираа дека ќе продолжат со инвестирањето во развојот на младите фудбалери, во стручните кадри, како и во подобрување на фудбалската инфраструктура.

Пред доаѓањето на новото раководство во ФФМ долгот изнесуваше нешто повеќе од 43 милиони денари, за денеска да биде намален на помалку од 20 милиони денари со интенција за уште поголемо намалување.

Како причини за финансиската консолидација на ФФМ наведени се доброто водење на организацијата и правилните одлуки на УО на ФФМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top