Бурна ноќ во Андалузија му претходеше на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Севилја и Јувентус. Симпатизери на Севилја нападнаа навивачи на Јувентус во еден од локалните барови во центарот на градот.
Додека Италијанците пиеле пиво во еден од многубројните барови, влегле триесетина шпански хукигани кои почнале масовна тепачка. Локалот бил демолиран, а неколку гостински навивачи се сериозно повредени.
Италијанските весници пишуваат дека еден навивач бил прободен со нож.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.