Актуелниот вицешампион екипата на Голден стејт се чини дека влезе во препознатливиот ритам од минатата сезона кога ги сруши сите клупски рекорди во НБА-лигата. Избраниците на Стив Кер газат сѐ пред себе во последните десетина дена. „Воините“ синоќа не само што триумфираа во Индијана, туку и тоа го сторија во голем стил, декласирајќи го домашниот состав со 37 поени разлика (83-120). Доминацијата почна уште од првата четвртина што Голден стејт ја доби со 21-34, а траеше се до самиот крај, во кој тренер Кер им даде шанса и на дел од резервните кошаркари. Клеј Томпсон беше најефикасен кај победничкиот тим со 25 поени, три повеќе од Стеф Кари, додека Дурант оствари дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови.
Интересно беше во Лос Анџелес, каде клиперси во ефикасен дуел славеа над Торонто со 123-115. Пол и Грифин повторно беа лидери на својот тим со по 26 поени, а овојпат одлична помош имаа и од Редик, кој постигна три тројки од четири обиди за вкупно 20 поени.
НБА резултати:
Милвоки – Орландо 93-89, Детроит – Хустон 96-99, Шарлот – Мемфис 90-105, Вашингтон – Феникс 106-101, Филаделфија – Мајами 101-94, Индијана – Голден стејт 83-120, Минесота – Бостон 93-99, ЛА клиперс – Торонто 123-115, Сан Антонио – Далас 96-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)