| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Нова модерна улица започна да се гради во Аеродром

asfaltiranje ulica

Денеска почна градењето нова сервисна улица со паркиралиште на потегот од спортскиот центар „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, која ќе биде паралелна со булеварот АСНОМ.

konevski

 

Новата улицата, која ќе биде целосно осветлена, е со површина од над 12.000 квадратни метри и должина од околу еден километар и ќе има нови паркинг-места за 120 возила.

– Со  новата улица ќе се овозможи полесен пристап до објектите што се градат покрај кејот на Вардар. Бенефит од изградбата на улицата со паркиралишта ќе имаат не само корисниците на објектите, туку и сите граѓани во општината, а најмногу жителите на населбата Јане Сандански – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top