| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен најраскошниот аеродром во светот (Видео)

Меѓународниот аеродром „Сапармурат Туркменбаши Големиот“ е најголем во регионот на средна Азија и чинеше вртоглави 2,35 милијарди долари, односно три пати повеќе од аеродромот во Сочи кој Русите го изградија за потребите на Зимските олимписки игри.

Овој „небесен аеродром“ се простира на површина од 1,200 хектари и станува збор за вистинско архитектонско чудо.

Површината на самиот аеродром е 165,861 квадратни метри. До ова архитектонско чудо водат две авении со по осум ленти. Влезот на аеродромот го красат грандиозни фонтани, иако во голем дел од внатрешноста на земјата нема водовод.

aerodrom12

Турската компанија „Полимекс“ го градеше овој аеродром нешто помалку од три години, а за изградбата беа ангажирани 10 илјади локални и уште 2 илјади турски градежници. Сите туркменистански цементари работеле деноноќно во три смени, за да може да се испорача цемент за изградбата на аеродромот.

Аеродромот доби неколку престижни признанија, а влезе и во Гинисовата книга на рекорди затоа што аеродромската таписерија од 750 квадрати е најголема на светот. Се предвидува овој аеродром да биде главната транспортна линија помеѓу Европа и Азија. Контролната диспечерска кула е висока 72 метри, а има 46 терминали.

На подрачјето на аеродромот покрај петкатната зграда се изградени уште 80 различни објекти. Пистите се со вкупна должина од 3800 метри, а тоа овозможува аеродромот да ги прими најголемите авиони на денешницата. Аеродромот може да се пофали со ВИП салон од 685 квадрати. Тука секако има и хотел со 60 соби и претседателски апартман.

Но иако аеродромот работи 24 часа моментално нема повеќе од еден ноќен лет. Истиот е опремен да прими околу две илјади патници на час, но моментално има едвај 14 патници на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top