Општина Аеродром изгради нова улица покрај реката Вардар, на потегот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, покрај булеварот „АСНОМ“.
Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Улицата има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места.
Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Аеродром. Пред асфалтирањето на улицата изведена е комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)