Во текот на вчерашниот ден две лица биле уапсени на Скопскиот аеродром.
Утрото во 05.40 часот на ГП Аеродром „Александар Велики”- Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека лицето С.М. (25) од Тетово евидира со мерка “А” (Апси). Истиот е лишен од слобода и во 09.30 часот е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Во 12.30 часот, исто така, на ГП Аеродром „Александар Велики“- Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.Љ. (32) од Илинден-Скопје евидира со мерка „АПСИ“. Истиот е лишен од слобода и во 14.50 часот е предаден на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.