| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во историјата на АТП, првите 10 тенисери од различни држави

endi-marej

По завршниот турнир во Лондон познат е првиот тенисер на крајот од тековната сезона, а тоа е Енди Мареј. Британецот победи во директниот дуел со Новак Ѓоковиќ во финалето на завршниот турнир во Лондон и ја потврди лидерската позиција.

За првпат во 44-годишната историја на АТП рангирањето, 10 земји ќе бидат на првите 10 места на листата на крајот од годината. Меѓу нив се Србија, Велика Британија, Канада, Шпанија, Австрија, Франција, Хрватска, Јапонија, Швајцарија и Чешка.

atp-ranking

Мареј стигна и до петтата последователна титула, деветта во тековната сезона и за првпат во својата кариера ќе ја предводи најдобрата тениска елита на крајот од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top