| четврток, 6 декември 2018 |

Уметничката академија од Осиек гостува во Драмски театар со претстава по приказни на Бужаровска

На сцената на  Драмски театар Скопје вечер ќе гостува Уметничката академија од Осиек со претставата „Мојот маж, поет“ по приказни од македонската авторка Румена Бужаровска, а во режија на Роберт Рапоња.

Во претставата учествуваат студенти од отсеците по глума и кукларство: Сара Мосер, Анамарија Јуришиќ, Крешимир Јелиќ и Јаков Јозиќ. Драматург  и задолжен за сценската адаптација е Маријан Лисјак, композитор е Људевит Лаушин, а сценографијата е на Јасмина Пацек.

unnamed-1

Претставата е копродукција меѓу Уметничката академија од Осиек и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек.

unnamed-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top