На сцената на Драмски театар Скопје вечер ќе гостува Уметничката академија од Осиек со претставата „Мојот маж, поет“ по приказни од македонската авторка Румена Бужаровска, а во режија на Роберт Рапоња.
Во претставата учествуваат студенти од отсеците по глума и кукларство: Сара Мосер, Анамарија Јуришиќ, Крешимир Јелиќ и Јаков Јозиќ. Драматург и задолжен за сценската адаптација е Маријан Лисјак, композитор е Људевит Лаушин, а сценографијата е на Јасмина Пацек.
Претставата е копродукција меѓу Уметничката академија од Осиек и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.