На секој организам му треба повремено чистење за да не се задржуваат токсините во крвта. Во спротивно, стануваме хронично уморни, патиме од подуеност и имаме проблеми со циркулацијата.
Овие тегоби може да се отстранат со помош на едноставен напиток подготвен во вашата кујна.
Сè што ви треба е лук и црвено вино. Овој лековит напиток ја прочистува крвта, го отстранува вишокот масти и соли од организмот и го забрзува метаболизмот.
Потребни состојки: 12 чешниња лук и 500 мл црвено вино
Подготовка: Исчистете ги чешнињата лук, исечкајте ги на четвртини и ставете ги во стаклено шише. Додадете половина литар црвено вино и добро затворете. Држете го стакленото шише на сончево, односно светло место, околу две седмици. Секој ден протресувајте го по неколку пати, за состојките да се измешаат. После две седмици, исцедете ја содржината и повторно ставете ја во стаклено шише. Консумирајте по една мала лажичка три пати на ден, во период од еден месец.
Напомена: Ова е силен напиток за чистење и зајакнување на крвта, па затоа временското растојание помеѓу две терапии не смее да биде помало од шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.