| четврток, 6 декември 2018 |

Хронично сте уморни? Ова е лек за вас!

%d0%bb%d0%b5%d0%ba

На секој организам му треба повремено чистење за да не се задржуваат токсините во крвта. Во спротивно, стануваме хронично уморни, патиме од подуеност и имаме проблеми со циркулацијата.

Овие тегоби може да се отстранат со помош на едноставен напиток подготвен во вашата кујна.

Сè што ви треба е лук и црвено вино. Овој лековит напиток ја прочистува крвта, го отстранува вишокот масти и соли од организмот и го забрзува метаболизмот.

Потребни состојки: 12 чешниња лук и 500 мл црвено вино

Подготовка: ­ Исчистете ги чешнињата лук, исечкајте ги на четвртини и ставете ги во стаклено шише. Додадете половина литар црвено вино и добро затворете. ­ Држете го стакленото шише на сончево, односно светло место, околу две седмици. Секој ден протресувајте го по неколку пати, за состојките да се измешаат. ­ После две седмици, исцедете ја содржината и повторно ставете ја во стаклено шише. Консумирајте по една мала лажичка три пати на ден, во период од еден месец.

Напомена: Ова е силен напиток за чистење и зајакнување на крвта, па затоа временското растојание помеѓу две терапии не смее да биде помало од шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top