Тоа што сега го турка Зоран Заев, пред неколку години го најави претседателот на Листата за природна Албанија Кочо Данај. Македонија ја чека или федерализација или поделба, порача Данај во септември 2012 година.
Веста тогаш ја пренесоа албанските портали almakos.com и botasot.info. според нив Данај изјавил дека во ваква ситуација како што е сега Македонија не може долго да постои, ќе се случуваат етничките немири кои ќе имаат последици во целиот регион.
-Македонија ја чека или федерализација или поделба и обединување со Албанија- вели претседателот на Листата за природна Албанија.
Ваквите размисли на Кочо Данај се поклопшуваат со периодот кога Заев, во обид да го придобие, отворено му признава на лидерот на ДПА, Мендух тачи, дека „има препораки“ за соработка со Тачи, од „повисоките од надвор“.
„Моите дадени насоки и препораки се да воспоставиме добра соработка само со вас. Перспективите во регионот се воспоставување соработка со тројката која ќе има големи поддршки во иднина а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа, ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија (….) Ве молам да поразговараме
Зоран Заев“
Во 2013 година, Заев во интервјуи за неделникот Република зборува за двонационален идентитет, но партијата посочува на грешка во изговорот на лидерот заради струмичкото потекло.
Но, токму Заев потоа влезе во кампања за изедначување на албанскиот со македонскиот јазик, што потоа прерасна и во уставни измени и редефинирање на унитарниот карактер на државата.
Токму за овие избори, Заев и неговите сопартијци во кампања отворено и без стеги со таква платформа настапуваат пред албанците во земјавава но и пред албанската дијаспора во светот. Предводникот на албанската дијаспора Муса Љамалари отворено изјави дека со Заев разговарал за федерализација на државата, за што тој со години се залага.
Всушност, тоа што не успеаа албанските политичари, под оружје или во парламентот, да го доведат пред остварување- федерализација на Македонија, отцепување на нејзини делови и потоа креирање на Голема Албанија, сега Заев го турка како агенда на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.