| четврток, 6 декември 2018 |

Ги свиткале кичмите пред УЧК: Црвенковски го најави планот на Заев една недела пред Диво Насеље

За вол­ја на ви­сти­на­та, на 9 мај, до­де­ка тра­е­ја бор­би­те во Ку­ма­но­во, бе­ше ис­пра­те­но со­оп­ште­ние за јав­но­ста во кое се ба­ра­ше ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и нов охрид­ски до­го­вор, но не од гру­па­та на Мир­сад Ндре­цај и на Бег Ри­зај (кои во пре­стрел­ка­та со по­ли­ци­ја­та беа уби­е­ни), ту­ку од из­ве­сен ко­ман­дант на „гар­да­та на Ре­пуб­ли­ка Или­ри­да“, Хам­ди Ндре­цај Пан­те­ри кој, пак, не учес­тву­ва­ше во на­ста­ни­те. Ова со­оп­ште­ние по­ми­на не­за­бе­ле­жа­но во јав­но­ста и ни­кој не го сфа­ти се­ри­оз­но. А, де­ка гру­па­та пла­ни­ра­ла да ба­ра отво­ра­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор твр­ди и еден од уап­се­ни­те, ко­ман­дант Ма­ли­ше­ва, во пис­мо ис­пра­те­но од за­тво­рот во При­леп, а кое бе­ше об­ја­ве­но во не­кои ал­бан­ски ме­ди­у­ми не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на, пишува уредникот на неделникот „Република“, Ненад Мирчевски, во колумната „Терористите од Диво Насеље ангажирани за редефинирање на Македонија“.

kol218-7

Ана­ли­зи­рај­ќи ги нив­ни­те све­дош­тва, се на­мет­ну­ва­ат пра­ша­ња кој ги ан­га­жи­рал те­ро­ри­сти­те да ба­ра­ат та­кво не­што и да­ли тие тре­ба­ло да би­дат иско­ри­сте­ни за це­лос­но да се тур­не Ма­ке­до­ни­ја на ко­ле­на со цел да би­де при­ну­де­на да при­фа­ти нов рам­ко­вен до­го­вор? Од­го­вор на овие пра­ша­ња оче­ку­вам да да­де и истра­га­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва.

Се­пак, ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та не се отво­ри ка­ко пра­ша­ње во Ку­ма­но­во, ту­ку во Скоп­је, и тоа од Бран­ко Цр­вен­ков­ски, кој слу­чај­но или на­мер­но се по­ја­ви во ви­стин­ски мо­мент во ин­терв­ју на „Тел­ма“, пет де­на пред на­ста­ни­те во Ку­ма­но­во:

– По де­вет го­дини еле­мен­тар­на не­по­го­да на­ре­че­на пре­род­ба, на Ма­ке­до­ни­ја ѝ е не­оп­ход­но ре­ди­зај­ни­ра­ње, ре­де­фи­ни­ра­ње на це­ло­куп­ни­от оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки и еко­ном­ски си­стем. Тоа ќе би­де ма­ко­трп­на ра­бо­та, сло­же­на ра­бо­та. Но, пр­ви­от пре­дус­лов за да се соз­да­дат шан­си за да поч­не тој про­цес е оваа власт да си за­ми­не! Оваа власт не мо­же да би­де дел од ре­ше­ни­е­то на по­ли­тич­ка­та кри­за би­деј­ќи са­ма­та власт, по­точ­но Гру­ев­ски, е ар­хи­те­ктот на овој си­стем во др­жа­ва­та – ќе ре­че Цр­вен­ков­ски во ин­терв­ју­то.

kol218-8

Да­ли Цр­вен­ков­ски имал ин­фор­ма­ции де­ка гру­па­та ќе ис­по­ра­ча по­ли­тич­ки ба­ра­ња? Зо­што по тол­ку вре­ме молк, Па­па­та ре­ши да се по­ја­ви со ва­ква те­за ток­му пред ку­ма­нов­ски­те на­ста­ни? Мо­же­би Ја­не­ва ќе се ос­ме­ли да пра­ша и да ја рас­чи­сти ди­ле­ма­та.

Не тре­ба да за­бо­ра­ви­ме и де­ка два­на­е­сет де­на по Ку­ма­но­во, Зо­ран За­ев го да­де фа­моз­но­то ин­терв­ју за ко­сов­ска­та РТК1, во кое го нај­а­ви тоа што, ка­ко што ве­ли Ра­у­фи, тре­ба­ло да го ба­ра­ат те­ро­ри­сти­те од Ди­во На­се­ље: ве­ти про­ши­ру­ва­ње на Охрид­ски­от до­го­вор, це­лос­на дво­јаз­нич­ност, но и ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то пре­ку мул­ти­ет­нич­ност!

От­ту­ка ми се на­мет­ну­ва­ат по­ве­ќе ди­ле­ми: да­ли е слу­чај­но тоа што За­ев и Цр­вен­ков­ски во рок од две не­де­ли из­ле­гоа со исти те­зи за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и тоа ток­му во екот на на­ста­ни­те од Ку­ма­но­во? Да­ли и пред ко­го ја сви­ткаа по­ло­ви­на­та на ште­та на ма­ке­дон­ски­от на­род? Да­ли е мож­но нив­на­та ви­зи­ја за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја слу­чај­но да се сов­па­ѓа со ви­зи­ја­та на ко­ман­дант Ма­ли­ше­ва, Мир­сад Ндре­цај, Бег Ри­зај… од­нос­но, со нив­ни­те на­ло­го­да­ва­чи во чи­е­што име тре­ба­ло да го ис­по­ра­ча­ат ба­ра­ње­то за нов охрид­ски до­го­вор? Нај­пос­ле, да­ли е мож­но си­те овие да би­ле ко­ор­ди­ни­ра­ни од исто ме­сто? Мож­но ли е и За­ев и Цр­вен­ков­ски да би­ле ма­ни­пу­ли­ра­ни од ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни си­ли?

Од­го­во­ри и на овие пра­ша­ња ба­рам од Ка­ти­ца Ја­не­ва. Оче­ку­вам де­ка ба­рем во овој слу­чај ќе по­ста­пи про­фе­си­о­нал­но и об­је­ктив­но, пред сѐ за­ра­ди неј­зи­на­та об­вр­ска да ги шти­ти ин­те­ре­си­те на др­жа­ва­та и на гра­ѓа­ни­те, а не на пла­те­ни вој­ни­ци и по­ли­тич­ки без­р­бет­ни­ци. Во спро­тив­но, мо­ра да би­де свес­на де­ка еден ден и таа ќе мо­ра да од­го­ва­ра за сво­и­те по­стап­ки и за ште­ти­те на­пра­ве­ни кон др­жа­ва­та.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top