На 8 ноември многумина се разбудија во една нова политичка реалност, но еден огромен дел од нив таа нова политичка енергија што изби со победата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп ја дочекаа како будење на јаве, всушност, како едно шокантно расонување од хипнотичкиот сон што го сонуваат со децении, а кој еве, конечно престана, го снема како меур од сапуница, оставајќи ги разбудените да се соземат од шокот.
Но тешко е да се соземеш од вакво сурово будење по толку долг и длабок сон, кој при своето траење непоматено и невознемирувано од ситните и небитни бунтовници од третиот свет и локалните, веќе папсани пролетери (white trash), ништожници и мизерници, слабаци и очајници помножени со нула (Нуланд) да бидат во состојба да соберат таква сила со која ќе изнудат толку радикална промена што никој од американската политичка елита од Вашингтон Д.Ц. не можеше да поверува, па така дојдоа во состојба на ужасно соочување со новата стварност, која никако не можеше повторно да се врати во сонот на поволната и доминантна состојба на нивната волја за моќ.
И тие беа осудени на соочување со нешто што никако не го беа планирале за себе и за светот.
Овие елитни владетели, кои 30 години го дизајнираа светот по своите визии и принципи, сега веќе немаат ниту сила, ниту механизми да го прават тоа. Новиот претседател Доналд Трамп и неговото сенародно движење му стави точка на овој веќе перверзен филм, кој требаше да трае следните векови, па и цел милениум, ако треба – сѐ до крајот на времето, ако такво нешто воопшто и може да има – шеговитo би се бодреле самите себе, доколку некој би ги прашал, до кога би траел нивниот концепт на владеење, нивниот неолиберализам?
И токму тие мудрости, кои со потсмешливост ги негираа, референции од традициите на добрата книга, сега им се удираат од глава како тешки работнички чекани и како остри селски српови, со кои кокетираа во своите псевдоидеолошки дискурси сакајќи да го оживеат комунизмот, но како еден вид Франкенштајн, кој ќе го користат по светот како чудовиште за застрашување, рекет и послушност. Но чудовиштево псевдокомунистичко, овој биоробот на либералниот капитализам, како што тоа обично бива, се разбуди од хипнозата на неговите дизајнери и, место да продолжи да ги дроби сувереноста, слободата, мирот, економијата и културата на народите од светот и на населението во САД, сега се сврте кон сопствените творци. А тие во ниеден случај не го очекуваа тоа. Нивната самоувереност и суетност им ја разводнија интуицијата, чувството за реалност и библиската аксиома, дека ништо на овој свет не трае вечно, освен Божјата мудрост, која, за волја на вистината, овие лордови на беспоговорната власт, никогаш и не ја земале за релевантна, туку се исмевале со неа, се ставале над било која вистина, се акцептирале себеси за интактни божества.
И, што сега? Каде со пропаднатите проекти? Што со својата гревовна тежина? Како, сега, пред лицето на народот, пред совеста на светот?
Злосторствата што ги направи оваа булимента до вчера, незаменливи лидери на новиот светски поредок, се безбројни, немерливи и ужасни. Како сега ќе се проголта сето тоа, а да се остане жив? А ќе треба и тоа како да се голта зашто народите бараат правда и слобода и сѐ додека овие властоалчни рептилоиди се на сцената, ќе нема мир и хармонија, ниту во САД, ниту, пак, во светот.
Затоа големиот дух го испрати рицарот Доналд Трамп за заедно со своите соборци да го кутнат злото што се накоти на земјава. И така и би. Дојде војводата Трамп со својата војска и ја згази мрачната и демонска армада на ужасните дегенерици што му ја цицаа крвта и на американскиот народ, и на другите народи по светот, а чијшто плач и пискот се дигна до небото од многубројните неправди и беззаконија. И Господ ја чу оваа поплака, овој плач и јад на угнетените, на обесправените, на силуваните и на малтретираните, ја чу севишниот целата вистина за тоа што рептилоидните владетели, кои ги беше толерирал со децении, го направиле со човештвото.
И праведен гнев го исполни Творецот, а кога ќе се случи тоа, тогаш тој ги средува работите како што никој не може да го направи тоа – совршено.
Дојде војводата Трамп и со неколку силни и прецизни потези го разоружи ѕверот, го кутна во калта гревовна и го прободе со својот сјаен меч, со „Екскалибур“, кој, еве, повторно се појави таму каде требаше. Овој пат во САД, во земјата на која по Божја волја ѝ беше дадена силата да владее со светот, но каде што моќта, што великиот ја даруваше беше киднапирана од лукавиот и им беше дадена на неговите опаки и отпаднати чеда. Сега сите тие ќе горат во пеколниот оган на обезвластеноста, а со нив заедно и сите нивни слуги, сите тие шарени гадови и лигавци, кои го загадуваа човештвото насекаде по светот, па и кај нас. Дојде крајот за сите нив, доколку не се покајат и не станат луѓе, конечно.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.