Францускиот дефанзивец Мамаду Сакхо уште пред почетокот на сезоната влезе во конфликт го тренерот Клоп го загуби местото во Ливерпул, а се очекува во јануари да го напушти клубот. Оваа сезона за клубот од Мерсисајд нема одиграно ниту една минута, а за него интерес пројавуваат неколку екипи од Италија.
Според пишувањата на медиумите од Островот, миланските гиганти се заинтересирани за неговите услуги. Интер и Милан стануваат се поактивни во купување на нови играчи, па се очекува да тргнат по Сакхо во јануарскиот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.