| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: „Груевски нема да ме победи дома, сите роднини, освен кучето, ќе гласаат за мене“

Зоран Заев ги негираше шпекулациите дека доживеал напад на паника кога дознал дека Никола Груевски тргнува по неговата кожа и се кандидира во четвртата изборна единица, каде што домаќин е токму лидерот на опозицијата.

Иако се очекуваше Груевски и Заев да ги одмерат силите во неформалната „премиерска“ изборна единица „еден“ во која досега секогаш се кандидирале луѓето што сакале да се премиери на Република Македонија, без исклучок, Заев по малку неочекувано се повлече во четвртата изборна единица во која е и Струмица, нешто што познавачите го коментираа како бегство на Заев од можноста да му нанесе директен пораз на Груевски.

Експертите велат дека Заев избегал во „четворката“ бидејќи е многу хуман и добротворен дух, душа од човек, кој не сака да ги поразува своите противници. Пријателите на Заев велат дека тој е толкав пацифист и хипик што би сакал, ако може, да победи на избори без да загуби кој било – да победи токму тој. Или, пак, воопшто да нема избори туку директно да му е доделена владата на Заев, а притоа никој да не биде повреден со пораз на избори.

Но, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не ги сфати добрите намери на Заев и му најави лов на негов терен и „апокалипса: сега“ за надежите на Заев дека ќе успее и по овие избори да биде политичарот што не е поразен од Никола Груевски, за да може да се одржи на чело на својата партија.
Јавноста се подбиваше со уплашениот „зајко кокорајко“, кој фати штрафта во својата изборна единица, во неможност да се кандидира во друга земја во Европа или во светот. Меѓутоа, тој негира дека се повлекол.

Не е точно дека јас сум се уплашил од соочување со Груевски. Да, вистина е дека сите премиери досега шо са биле се кандидирале во првата избро..изборна единица значи но Заев е првиот шо не се кандидира за премиер во првата изборна единица туку кај шо сум премиер на градо Струмица шо сум јас Зоран Заев значи интрументално е фригидно важно да се знае исконски дека демократијата и слободата ќе си ги вратиме назад а ја сам премиер на градо Струмица па морам тука да се кандидирам за да не правам голем трошак со колата натаќе-наваќе да се возам за Скопје, нема шо там да се кандидирам не ме знаат човеците малеее, и мислат дека сам струмички сељак шо не сам друже… ја сам Зоран Заев црпнат од Муртино за да ја одведе Маќедонја во новио век! – изјави Заев.

Ако тај господин Груевски мисли дека сам му се уплашил и дека ќе ме победе на домашен терен ја баш да видам дали е тоа така или се малку зафркнал! Ја нека дојде во мојата куќа па да видиме дали дома ќе ма победе со бате, другио бате, дада, чиче, вујна и сета моја фамилија. Едино кучето може да не гласае за мене од домашните пошо само оно тендер не е земало, ама сите други ќе си гласат и Груевски ќе е жестоко поразен во мојата куќа така да ја сам сигурен дека на 12 декември ќе бидам премиер. Ако не на Македонија и не на Струмица, сепак значи исконски искрено глобализацијата трендовите констицу…тициунализацијата на пуш-апот во своевидно прагматичното фантазмагорие значи дека Зоран Заев ќе биде премиер на својо дом, во својата куќа – решителен е Заев.

Знаете…како велат старите, ако не си премиер во својо дом како може да бидеш премиер во туѓио дом, така што ете задоволство ми е уште од сега да ја најавам оваа голема победа на Зоран Заев во домо на Зоран Заев, и тоа УБЕДЛИВА победа! Ќе ја вратиме демократијата и слободата во домо на Заеви! Нема Груевски да победи во мојата куќа! ЗОКИ, ЗОКИ, ЗОКИ! ЗАЕВ, ЗАЕВ, ЗАЕВ! – почна да скандира храбриот Заев.

Во ваква голема еуфорија во домот на Заеви се чека 11 декември. Експертите велат дека очекуваат голема влезност во домот на Заеви на денот на изборите, а излезноста ќе ја снема денот по изборите. Тие велат дека за очекување е по изборите Заев да не излегува од дома бидејќи ќе биде избран за премиер на својот дом и нема што многу многу да се појавува во јавност, туку треба да се фокусира на своите домашни обврски.

Експертите, исто така, забележаа дека Влатко Васиљ не се најде на листата на СДСМ ниту во оваа изборна единица во домот на Заеви.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top