| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимна дојава за можен терористички напад на аеродромот во Ротердам

anp-48515711

Анонимна дојава за можен терористички напад ги засили безбедносните мерки на аеродромот во Ротердам, се наведува во заедничкото соопштение на холандската полиција и воена полиција. Во соопштението се посочува дека на аеродромот „преземени се дополнителни видливи и невидливи безбедносни мерки“, пренесува Танјуг.

Припадници на воената полиција со панцири и шчемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се наоѓа на шест километри северно од Ротердам. И покрај заканата, нема прекин на полетувањето и слетувањето.

Во Холандија во сила е зголемена тревога од тероризам, по минатогодишните напади во Париз.

Холандската служба за координирање на борбата против тероризмот во понеделникот соопшти дека терористичката закана во земјата може да се засили, ако Исламска држава биде победена во Сирија и во Ирак, бидејќи тогаш припадниците на џихадистичката група ќе се вратат во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top