Анонимна дојава за можен терористички напад ги засили безбедносните мерки на аеродромот во Ротердам, се наведува во заедничкото соопштение на холандската полиција и воена полиција. Во соопштението се посочува дека на аеродромот „преземени се дополнителни видливи и невидливи безбедносни мерки“, пренесува Танјуг.
Припадници на воената полиција со панцири и шчемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се наоѓа на шест километри северно од Ротердам. И покрај заканата, нема прекин на полетувањето и слетувањето.
Во Холандија во сила е зголемена тревога од тероризам, по минатогодишните напади во Париз.
Холандската служба за координирање на борбата против тероризмот во понеделникот соопшти дека терористичката закана во земјата може да се засили, ако Исламска држава биде победена во Сирија и во Ирак, бидејќи тогаш припадниците на џихадистичката група ќе се вратат во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)