Македонија и во следните четири години ќе има силно лоби во Европската ракометна федерација (ЕХФ) откако Драган Начевски повторно беше избран за прв човек на Судиската организација во европската куќа на ракометот. Начевски и во изминатите четири години беше на чело на ова тело на ЕХФ, а добро извршената работа во овој период беше главна препорака тој да биде реизбран на денешниот Конгрес што се одржа во Санкт Волфганг, Австрија. Во текот на лобирањето на истата функција атакуваше и поранешниот чешки судија Конечни, а по неговото повлекувања стана јасно дека Начевски останува „шеф на судиите“ уште еден мандат.
Сосема очекувано, Михаел Видерер со акламација беше избран за нов претседател на ЕХФ, а за потпретседател беше избран Предраг Бошковиќ од Црна Гора, по повлекувањето на неговиот ривал, Анријс Бренцанс од Латвија.
Божидар Ѓурковиќ е избран за Претседател на Комисијата за натпреварување, по повлекувањето на Ерно Калешни, додека Оле Јорстад од Норвешка е избран за претседател на Комисијата за ракомет на плажа, пред Хрватот Синиша Остојиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018
-
Повторно ќе ни суди истата двојка: Еве кои судии ги одреди ЕХФ за утрешниот дуел Македонија – Шпанија
-
ЕХФ направи направи видео за македонските навивачи (видео)