Во Библиотеката „Другарче“, што се наоѓа во просториите на Кинотеката на Македонија, е отворена традиционалната Меѓународна изложба на детски цртежи. Покровител на изложбата е Град Скопје и се организира од 1973 година, по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје.
Годинава биле пријавени околу 6.000 цртежи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Бугарија и од Велика Британија во неколку категории според возраст. Матеа Грнчароска од Тетово ја освои првата награда. На изложбата во Кинотеката на Македонија се изложени 500 детски цртежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.