| четврток, 6 декември 2018 |

Босанците не ги победија Грците, но ги уништија: Ми ги соблекоа гаќите, но потешко ми падна скандирањето „Македонија, Македонија!“

Во квалификациски натпревар за СП 2018 година, за пласман во Русија, не се бираа средства и начини, за да се мотивира својата репрезентација, но и да се понижи противникот со пцовки и скандирања.

Репрезентативецот на Грција Сократис Папастатопулос го осуди истакнувањето на банерот на кој пишуваше „Нож, Жица, Сребреница”, на мечот против БиХ, но нагласи што точно му засметало и нему на овој натпревар во Пиреа пред некој ден.

Во квалификациски натпревар за СП 2018 година, за пласман во Русија, не се бираа средства и начини, за да се мотивира својата репрезентација, но и да се понижи противникот со пцовки и скандирања.

За срамниот транспарент дознавме по натпреварот. Срамота е навистина тоа што се случува. Никој не смее да биде навредуван, тешко е да бидат контролирани големиот број навивачи. Секогаш меѓу нив има некоја будала, изјави Папастатопулос.

Тој исто така додаде дека гостинските навивачи, на стадионот на Олимпијакос, скандирале „Македонија, Македонија!”, што навистина им пречело во тој миг.

Не треба за се да бидат обвинувани грчките навивачи, поради тоа што гостите скандираа „Македонија, Македонија!”, нешто кое многу ни пречеше, додаде грчкиот рпрезентативец.

На овој меч се случи и фамозното кошкање меѓу Сократис и Џеко, кој му ги соблече и шорцевите на домашниот играч во еден миг, по што заработи исклучување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top