| четврток, 6 декември 2018 |

Кадилак подготвува нов „Ѕвер“ претседателски автомобил за Трамп (Видео)

Американскиот автомобилски гигант Кадилак подготвува нов претседателски автомобил за првиот човек на САД , Доналд Трамп.

Новиот „Ѕвер“ на претседателот на САД, како што беше наречен службениот автомобилот наменет за Барак Обама, ќе има највисок степен на заштита кога се во прашање блиндираните автомобили и ќе биде тежок меѓу шест и девет тони.

Автомобилот на Доналд Трамп е конструиран да може да издржи удар од експлозивна направа и граната, ќе биде и сигурен и обезбеден од напад со хемиско оружје. Посебна заштита ќе има и резервоарот за гориво , кој е направен од специјален  материјал кој се шири при удар со што се спречува да експлодира.

trampАвтомобилот со кој ќе се вози Трамп ќе биде опремен и со најсовремена и најмодерен систем за заштита од пожар. Автомобилот има и оружје за одбрана , но и ноќен оптички уред . Предвиденот е автомобилот да може да превезе до 10 луѓе вклучувајќи покрај престедателот и телохранители и болничари.

Дебелината на вратата на автомобилот која е тешка идентично колку и вратата на авион Боинг 747,  изнесува 8 инчи. Прозорците на автомобилот не се отвораат освен оној на возачот, пневматиците на Кадилакот се премачкани со кевлар и не може да се дупнат.

Доналд Трамп претседателската заклетва се очекува да ја положи на 20 јануари во 2017, на истиот ден ќе дебитира и новиот претседателски Кадилак. Конечниот изглед на возилото се уште е тајна, на инернет се појавија фотографии од прототипот покриен со „маскирна“ фолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top