Американскиот автомобилски гигант Кадилак подготвува нов претседателски автомобил за првиот човек на САД , Доналд Трамп.
Новиот „Ѕвер“ на претседателот на САД, како што беше наречен службениот автомобилот наменет за Барак Обама, ќе има највисок степен на заштита кога се во прашање блиндираните автомобили и ќе биде тежок меѓу шест и девет тони.
Автомобилот на Доналд Трамп е конструиран да може да издржи удар од експлозивна направа и граната, ќе биде и сигурен и обезбеден од напад со хемиско оружје. Посебна заштита ќе има и резервоарот за гориво , кој е направен од специјален материјал кој се шири при удар со што се спречува да експлодира.
Автомобилот со кој ќе се вози Трамп ќе биде опремен и со најсовремена и најмодерен систем за заштита од пожар. Автомобилот има и оружје за одбрана , но и ноќен оптички уред . Предвиденот е автомобилот да може да превезе до 10 луѓе вклучувајќи покрај престедателот и телохранители и болничари.
Дебелината на вратата на автомобилот која е тешка идентично колку и вратата на авион Боинг 747, изнесува 8 инчи. Прозорците на автомобилот не се отвораат освен оној на возачот, пневматиците на Кадилакот се премачкани со кевлар и не може да се дупнат.
Доналд Трамп претседателската заклетва се очекува да ја положи на 20 јануари во 2017, на истиот ден ќе дебитира и новиот претседателски Кадилак. Конечниот изглед на возилото се уште е тајна, на инернет се појавија фотографии од прототипот покриен со „маскирна“ фолија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)