Твитерџиката Кристи Баркер ги освои симпатиите на интернет со својот величенствен колаж со ликовите на славните личности кои од оваа година веќе не се меѓу нас.
На нејзиниот постер се наоѓаат повеќе од 40 музичари, спортисти, глумци и ТВ лица кои починаа годинава. Креативната девојка инспирацијата ја добила од обвивката на „Sgt’ Peppers Lonely Hearts Club Band“ – познатиот албум на рок групата „Битлси“.
Првата верзија на постерот е креирана пред да почине пејачот Леонард Коен. Тој почина во петокот, а Бар Кер веднаш потоа објави нов колаж постер и со неговиот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.