Македонската опера и балет денеска информира дека поради технички причини балетската претстава „Клеопатра“ закажана за 19 ноември се презакажува за 25 ноември годинава во 20 часот.
– Сите купени билети за претставата на 19 ноември 2016 година ќе важат за презакажаната претстава на 25 ноември 2016 година во 20 часот. Оние посетители кои не се во можност да дојдат, можат да ги заменат билетите за претставата која е закажана на 14 декември или ако сакаат ќе им бидат вратени парите за купените билети – се вели во соопштението од МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.