Вејн Руни ќе го пропушти пријателскиот натпревар меѓу Англија и Шпанија откако капитенот на „гордиот албион“ се пожали на болка во коленото и му беше дозволено да се врати во неговиот клуб Манчестер јунајтед. Тој го пропушти вчерашниот утрински тренинг на репрезентацијата, а откако состојбата не му се подобри селекторот Саутгејт дозволи Руни да не ризикува посериозна повреда, туку да замине на прегледи во Манчестер.
Англиските медиуми информираат дека повредата не е премногу сериозна, но прашање е дали голгетерот ќе може да се рехабилитира навреме за да настапи на големото дерби со Арсенал што е на програмата в сабота.
Само за потсетување, Мурињо за тој меч нема да може да смета на суспендираниот Ибрахимовиќ, како и на Фелаини, па евентуалното отсуство на Руни дефинитивно дополнително ќе ги намали шансите за успех на јунајтед против „топчиите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)