Привремениот селектор на Англија, Герет Саутгејт, им се обрати на челните лица на ФА во рок од еден месец да одлучат дали ќе го задржат на клупата на гордиот Албион.
– Важно ми е да знам што ќе работам по средината на овој месец. Треба да се подготвам за ЕП со младата репрезентација, а А селекцијата во март ги започнува новите натпревари од квалификациите за СП во Русија. Па, затоа што поскоро сакам да знам во која насока да се насочам. Тоа не е моја одлука, а морам да признаам дека уживав во овој период како предводник на овие фудбалски ѕвезди. Горд сум што Англија ја водев на три натпревари, а утре на уште еден – вели поранешниот фудбалер на Мидлсброу, Кристал Палас и Астон Вила.
Саутгејт со Англија има скор од две победи и едно реми, а утре во пријателски натпревар ќе се соочи со поранешниот светски и европски шампион Шпанија. Одлуката за нов селектор на Англија треба да ја донесе преодна комисија која е составена од претставници на ФА – Грег Кларк, Дан Ешворт, Мартин Глен и Хауард Вилкинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.