| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски ќе ја одбие кандидатурата за претседател на СДСМ!?

Според партиски извори во СДСМ, формално сеуште претседателот на партијата размислува дали да ја прифати кандидатурата за старо нов претседател на партијата.

Изворите на „Република“  тврдат дека Црвенковски засега не планира да се вклучи во трката за претседател и дека ќе го одбие предлогот да се гласа и за него на утрешниот централен одбор на СДСМ.

Други партиски извори не исклучуваат Црвенковски да почека и да види како ќе се одвива процедурата со досегашните кандидати кои прифатија да бидат гласани во партиските тела.

Според нив постојат партиски механизми кои нему можат да му овозможат и надвор од партиските правила т да биде кандидат на конгресот закажан за 2 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top