
Кристијано Роналдо оваа година уште долго ќе ја памети. Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, додека со Португалија триумфираше на Европското првенство во Франција. Токму предводниците на овие два тима Зинедин Зидан и Фернандо Сантош се најдоа во тесниот избор за најдобар тренер на годината, а ѕвездата на „кралскиот клуб“ веќе избра за кого ќе го даде својот глас.
– И Зидан и Сантош имаа феноменална година. Сепак, јас мислам дека многу е потешко да освоиш едно Европско првенство, отколку Лига на шампиони. Зидан исто така одработи одлична сезона, но нема да гласам за него во изборот за најдобар тренер на годината. Мојот глас ќе му го дадам на Сантош. Се надевам нема да се налути Зидан, верувам дека и тој исто ќе одбереше да беше во мојата кожа – изјави Роналдо.
Роналдо утре ќе ја предводи Португалија во квалификацискиот натпревар за СП во Русија, кога европскиот шампион на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Латвија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


