Опозициската СДСМ вечерва до Државната изборна комисија ги достави листите со кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
– Toa e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која што е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата, изјави Стевица Јосифовски, претседател на Правниот сектор на СДСМ.
Коалицијата на СДСМ во првата изборна единица ја предводи Стево Пендаровски, а Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.
Претходно листи до ДИК доставија Коалицијата за промени и правда, ЛП, ПДП, ДПА и Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција