| четврток, 6 декември 2018 |

Страшни сцени во Букурешт: Левандовски настрада, петарда експлодира на теренот (Видео)

Големите фудбалски ѕвезди понекогаш знаат да бидат жртви на нерационалното однесување на одредени фанови, а оваа вечер тоа на своја кожа најдобро го почувствува Роберт Левандовски, кој имаше голема среќа што избегна тешка повреда во Романија.

Полска дојде до минимално водство од 1-0 на гостувањето во Букурешт благодарение на голот на Гросицки, но пред крајот на првиот дел пристигна и немилата сцена кога домашните фанови се покажаа во лошо светло.


Една петарда заврши во близина на голот на домаќините кога се изведуваше еден корнер, а иако во прв момент се доби впечаток дека не станува збор за експлозивна направа, сепак силината на ударот ги шокираше сите присутни, а особено Левандовски кој легна како покосен на земјата.

Полјакот мораше да добие лекарска помош со оглед на големиот шок што го доживеа, а дека е вистински професионалец покажа со тоа што без проблеми го продолжи натпреварот појавувајќи се на теренот на стартот на второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top