Со перница тешка околу пет тони, со димензии 17,9 метри на 17,9 метри, која се планира да биде изработена за два часа на отворен простор во центарот од Прилеп, прилепчани на 23 мај ќе се обидат да го урнат досегашниот рекорд со белгиската перница, поставен во 2008 година, а кој изнесува 3 тони тежина и 15 на 15 метри големина на џиновскиот производ.
– Овој необичен потфат, после светиниколските сарми, е уште еден предизвик за ЛС – вели градоначалникот Марјан Ристески.
Според иницијаторите на проектот, конфекцијата „Комфи-Ангел “, употребениот материјал во џиновската перница, по завршувањето на церемонијата, ќе биде рециклиран и реупотребен во други производи. На денот на настанот, покрај задолжителното присуство на верификационата Гинисова комисија, предвидена е и целовечерна богата културно-забавна програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.