Дани Педроса имаше страотно излетување од патеката во Јапонија за време на вториот слободен тенинг. Возачот на Репсол Хонда заработи скршеница на десната клучна коска, по што му беше препорачано да го пропушти остатокот од сезоната, но по сè изгледа тоа нема да се случи.
Шпанецот паузираше од трките во Австралија и Малезија, но според последните информации тој ќе биде подготвен да сае трка на последната трка закажана за оваа сезона, во Валенсија.
– Изминатите три недели воопшто не беа лесни особено по операцијата бидејќи имав многу болки. Сепак, чувството да се тркам на домашен терен е прекрасно и не сакам да го пропуштам. Ми недостасува да се тркам. Дополнително, како што почнав со рехабилитација секој ден се чувствувам сè подобро. Не знам како ќе се чувствувам кога ќе седнам на мотоциклот, но засега прогнозите се позитивни. Патеката во Валенсија ми е една од омилените, имам прекрасни спомени и возбуден сум што ќе се тркам пред домашна публика – истакна Педроса.
Трката во Валенсија е последна од МотоГП календарот и ќе се вози претстојниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.