| четврток, 6 декември 2018 |

Тенискиот великан остро кон Ѓоковиќ: Новак има психички проблеми

Поранешниот италијански тенисер и освојувач на турнирот Ролан Гарос, Адриано Паната, нема добро мислење за двата најдобри тенисери на планетата Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

Шеесет и шестгодишниот Паната има свое објаснување за падот на српскиот тенисер.

– Го виде Господ. Има проблем поради кој не работи добро. Има 29 години и 300 милиони долари на својата банкарска сметка, а ангажираше гуру, кој му ветува мир и љубов. Ѓоковиќ има психички проблеми – изјавил Паната, будејќи го гневот кај српските медиуми.

Тој не е преголем фан и на Мареј, а очигледно најмногу симпатии има кон Роже Федерер.

– Мареј е толку голем дефанзивец што е навистина тажно што е број еден. Што се однесува до Федерер, тој навистина првпат по 14 години не е меѓу првите 10, но одамна не игра и тоа е очекувано – потенцирал Паната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top