Една од најзначајните изложби „Млади балкански дизајнери“ (Young Balkan Designers) која го обединува дизајн секторот од регионот, ќе биде повторно претставена во Скопје за време на Неделата на дизајн на Скопје (СДВ) Skopje Design Week. Оваа година, повторно под менторство на светски познатите членови на жири Константин Грчиќ и Никола Радељковиќ, ќе допатуваат 15 иновативни решенија на младата дизајнерска сцена од Балканот.
Темата на изложбата оваа година е со наслов „New Analogue“ и ќе донесе продукти кои го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.
„Млади балкански дизајнери“ оваа година е составена од прототип решенија на дизајнери од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Изложбата е дел од активностите на Балканската дизајн мрежа, основана од Друштвото на хрватски дизајнери од Загреб, „Миксер“ од Белград и „Јавна соба“ од Скопје.
Пред да биде изложена на Недела на дизајнот во Скопје, изложбата беше претставена на фестивалот „Индиго“ во Љублана, Словенија.
Недела на дизајнот во Скопје кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот