Поповска е свесна дека секое место под петтото во првата изборна единица за СДСМ е проблематично, а за десеттото, на кое најверојатно ќе се најде, уште однапред се знае дека е загубено.
– Централниот одбор ја донесе и одлуката за коалиционен настап на ДОМ во рамките на опозиционата лево-центристичка коалиција предводена од СДСМ. Тоа е логична завршница на речиси двегодишната заедничка борба со прогресивните сили во земјата за демократизација и позитивни промени. И покрај нашите заложби за самостоен настап, оценивме дека во моментов е неопходно групирање на силите за да се постигнат промени во насока на функционална и демократска правна држава – велат од ДОМ.
Пред само три дена, не можејќи да го издржи притисокот на јавноста, а повеќе за да слегне правта што ја крена нејзиното име, Поповска се повлече од добитната позиција:
„Јас не сакам функција по секоја цена, ниту да послужам за сеење семе на раздор во демократската опозиција. На Македонија ѝ претстои голема битка и потребни сме си сите, независно од етничкото, верското и политичкото потекло. Затоа одлучив да се откажам од добитната позиција на пратеничките листи, за да покажам што ми е приоритет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.