Продолжуваме со потсетувањето на нашите претставници…
Годината кога Македонската радио телевизија во одлучи наместо како до сега претставникот да се бира на „Скопски фестивал“ и на изборот за песна на Евровизија го испрати Тоше Проески, и Евросонгот претрпе промени. Во 2004-тата за прв пат се воведе и полуфинална вечер, на која Тоше освои 71 поен и и го обезбеди финалето на Македонија.
Во финалето во Истанбул, Тоше ја пееше „Ангел си ти“ и го освои дотогаш највисокиот пласман за нашата земја, 14-тото место.
По скандалите, кавгите и тепачките помеѓу семејствата на Александра Пилева и Мартин Вучиќ, за тоа дали е изборот бил наместен или пак во рамноправна борба помеѓу двајцата пејачи, публиката и жирито одлучија тоа да биде Мартин, тој замина на полуфиналето во Украина.
Мартин во 2005-та година пееше на англиски и песната „Ти си сон“ ја изведе како „Make my day“, влезе во финалето и со 52 поени го освои 17-тото место.
Кратките тексас пантолончиња, певливата „Ни на нај на“ и жешкиот настап на Елена Ристеска и тоа среде Атина, за инает на домаќинот, ја лансираа Македонија во финалето, .
Елена со освоеното 12-то место и го донесе досега највисокиот пласман на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)