| четврток, 6 декември 2018 |

Втор дел:Како звучевме досега – Македонија на Евровизија низ годините (Видео)

Продолжуваме со потсетувањето на нашите претставници…

Годината кога Македонската радио телевизија во одлучи наместо како до сега претставникот да се бира на „Скопски фестивал“ и на изборот за песна на Евровизија го испрати Тоше Проески, и Евросонгот претрпе промени. Во 2004-тата за прв пат се воведе и  полуфинална вечер, на која Тоше освои 71 поен и и го обезбеди финалето на Македонија.

Flickr_-_proteusbcn_-_Eurovision_Song_Contes_2004_-_Istambul_(38)

Тоше Проески со „Ангел си ти“

Во финалето во Истанбул, Тоше ја пееше „Ангел си ти“ и го освои дотогаш највисокиот пласман за нашата земја, 14-тото место.

 

По скандалите, кавгите и тепачките помеѓу семејствата на Александра Пилева и Мартин Вучиќ, за тоа дали е изборот бил наместен или пак во рамноправна борба помеѓу двајцата пејачи, публиката и жирито одлучија тоа да биде Мартин, тој замина на полуфиналето во Украина.

p017r40c

Мартин Вучиќ со „Make my Day“

Мартин во 2005-та година пееше на англиски и песната „Ти си сон“ ја изведе како „Make my day“, влезе во финалето и со 52 поени го освои 17-тото место.

 

Кратките тексас пантолончиња, певливата „Ни на нај на“ и жешкиот настап на Елена Ристеска и тоа среде Атина, за инает на домаќинот,  ја лансираа Македонија во финалето, .

Macedonia's representative Risteska performs during the final of the 2006 Eurovision song contest in Athens

Елена Ристеска со „Ни на нај на“

Елена со освоеното 12-то место и го донесе досега највисокиот пласман на Македонија.

Продолжува…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top