Од следната, 2017 година Британците кои сакаат развод на бракот повеќе нема да мораат да одат во судница за да стават и официјален крај на бракот. Според дополнувањата на Законот за семејство на Велика Вританија земја, од 2017 година разводот ќе биде можен по пат на интернет.
Двојките кои сакаат спогодбено да се разведат ќе одговараат на серија прашања за нивниот брак по пат на онлајн формулари. Во нив ќе се најдат прашања и за нивниот имот и децата.
Има и противници на оваа идеја кои тврдат дека ваквиот начин на развод ќе го девалвира бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.