| четврток, 6 декември 2018 |

Животот ќе го дадам, гласот не го давам: СДСМ ги губи членовите и гласовите, Шеќеринска мува не ја лази

Поранешни пратеници на СДСМ одбиваат да дадат глас за листите на Заев – расправиите продолжуваат трети ден откако СДСМ ги објави пратеничките листи за изборите на 11 декември. Реагираат новинари, активисти, гласни поддржувачи на СДСМ, но и поранешни пратеници, истакнати членови на партијата, кои не само што не се најдоа воопшто на листите, туку и се целосно маргинализирани за сметна на шарените, ДОМ и „независните експерти“.

„Мухиќ на листа, на било која и каква листа на СДСМ, живот ќе дадам, ама глас не давам! Срамота и грев е мене или и било кој/а друг/а од социјалдемократското членство, симпатизер(к)и и гласач(к)и да ги доведувате во таква ситуација! Резил невиден е да му пушите од тоа лулето на ретроградни идеологии за правата и слободите на жените, ако е само тоа длабоко проблематичното во неговиот светоглед, а не е, баш напротив!“, пишува на Фејсбук поранешната пратеничка од СДСМ“, Каролина Ристова- Астеруд.

tri-kolaz640

„Горе-доле ви е познат мојот став и за „ставени со кран„ имиња за пратенички листи и други високи функции во политиката и за инстант-политичките кариери. Милион пати сум пишувала, дискутирала по ФБ, што се вели, „устата ми има пена фатено веќе„. Никој никому не му брани партиско-политички да се ангажира во македонскиот политички плурализам, и да го изоди патот, да го стекнува политичкото искуство и политичката зрелост“, пишува Ристова- Астеруд.

Таа додава дека дека никој никому не му брани да ја искористи уставната можност за независни кандидатури и листи, но ова што се прави со листите на СДСМ не е никаква „отвореност на партијата„ за, демек, нови и свежи сили, или некакво си „засметување на специфичноста на моментот„ туку е само еден обичен среден прст кон се што е идеја, смисла, логика, концептуалност и што уште не во однос на партиско-политичкото организирање, и се што се знае за природата на политичките партии, и тука, и споредбено.

„Натаму, ова е, не еден, туку два средни прста за партиското членство, партискиот активизам, и се што тој подразбира, а особено, што се тој подразбирал во изминатата деценија за партиското членство на СДСМ. По милионити пат, овој инстант политички кариеризам во однос на највисоките функции во политиката, овој политички опортунизам, овој политички рингишпил, е докажана штета за здравјето и развојот, како на политичките партии и партискиот систем, така и на политиката во земјата кои тие партии последователно ја проектираат. А можеби најважно, овој Рајка-Радодајка пристап нема да донесе никаква политичка почит, ниту политички авторитет, кои ќе се материјализираат во гласови на избори, напротив, само презир, исмевање, проектирање слабост и натамошна внатрепартиска ерозија. Значи, дупло голо“, пишува Ристова Астеруд.

ferid

Поранешната пратеничка додава дека ако кран-кадровската политика е „условот“ за гласови, во старт е непочит и нелојалност кон партијата, кон политичката идеологија и програмата, кон самата смисла и цел зошто се гласа за оваа-онаа партија.

„Едноставно, „машинеријата„,на сам почеток не е поставена како треба, и е без гориво, не пак гориво за цел еден мандат. На крај, за сето ова и не ме удри дамла, стара, хронична болест е ова во нашиот партиски систем, особено во СДСМ. Но, ме удри дамла од идејата проф. Ферид Мухиќ да биде на листа на СДСМ, ептен голема дамла, ептен признавам! Ма каква дамла, ма како гром да ме мавна директно во чело! На листа на мојата политичка партија СДСМ, на листата на партијата која е за максимално почитување на уставното право на жената суверено и слободно да го планира породот, вклучително и преку уставното право на абортус? На листа на партија која ветува дека во првите 100 дена ќе ги санира сите уставни повреди на ДПМНЕ-ДУИ во тој дел? Па некој бре овде да не си ги измешал основните политичко-идеолошки џамлии, случајно? Па ова е прашање и право кое е „света крава“ на СДСМ и на сите нејзини сестрински партии, во контекст, надвор од контекст, и без контекст. Во време, предвреме, навреме, по време! Во сите просторни, временски и не знам какви други категории и димензии! Не сте смееле ниту да помислите, камо ли да го размислувате сериозно, па уште и после вака непроменет (сега и јавно испрчен и реафирмиран) став од негова страна, небаре е значка за гордеење! Да, да, нека му е, ама во некоја друга партија, и на некоја и нечија друга листа, а може и со независна кандидатура, нека повели! СДСМ е за почитување на уставот и за почитување на уставно загарантираните слободи и права на жените! Ако не го мавнете од листа, ќе сметам дека тоа не е веќе така, и тогаш ниту СДСМ не ќе да е веќе мојата партија, ниту јас ќе да бидам нејзина членка, а сум од 1991 година. Меѓу другото, токму и заради ова прашање, како и заради третманот на правата и слободите на граѓанките во идеолошко-политичката агенда на партијата! Тоа било едно од моите првични мотиви и моите првични каузи да влезам во (социјалдемократската) политика, партиски да се зачленам и активирам, и последователно да и дадам на политиката толку години, време и енергија од мојот живот, со се што тоа подразбира, особено во нашата земја (додуша, не дека ќе разберат тоа Ворхоловците во политиката, што значи и што подразбира сето тоа)! Така да, ако е проф. Мухиќ на листа, на било која и каква листа на СДСМ, живот ќе дадам, ама глас не давам! Срамота и грев е мене или и било кој/а друг/а од социјалдемократското членство, симпатизер(к)и и гласач(к)и да ги доведувате во таква ситуација! Резил невиден е да му пушите од тоа лулето на ретроградни идеологии за правата и слободите на жените, ако е само тоа длабоко проблематичното во неговиот светоглед, а не е, баш напротив!“, завршува Ристова- Астеруд.

На линија со Астеруд е и универзитетската професорка и отворен поддржувач на СДСМ, Мирјана Најчевска, која вели дека не припаѓала на никаква коалиција на граѓани која застанала зад Ферид Мухиќ.

najcevska

„Јас нема да гласам за листа на која се наоѓа Ферид Мухиќ. И не припаѓам на никаква коалиција на граѓани која застанала зад Ферид Мухиќ. За принципите се работи. Ќе гласам за промена а не за замена“, напиша Најчевска.

Со коментар се јави и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Аднан Џафероски, кој напиша:

adnan-6409-640x612

Актерот Сашо Тасевски, кој во јавноста исто така важи за отворен поддржувач на СДСМ и можеше да се забележи на многу протести организирани од опозицијата, преку социјалните мрежи порача СДСМ да не очекувала гласови од неутрални граѓани.

sasho-640x598

Од друга страна, пак, Шеќеринска цврсто го брани изборот на партијата за состав на листите.

sekerinska

Нашата голема цел е многу поважна од тоа кој каде е на листите. Има различни мислења но тоа не нѐ загрижува, туку не прави задоволни, бидејќи нашата задаче е да промовирама мислечка и критичка политичка атмосфера а не тип на владеење, каде еден човек мисли и одлучува а сите аплаудираат, е ставот на заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска во однос на бурните реакции во јавноста по објавувањето на пратеничките листи на опозициската коалиција.

Таа во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, изјави дека забелешки за листите имало и во минатото, па дури и во 2014-та кога партиското раководство на СДСМ реши да не биде на кандидатските листи. Во однос забелешките на учеството на ДОМ и на Лилјана Поповска во коалицијата и на Ферид Мухиќ, Шекеринска истакна дека и таа лично можела да и забележи за тоа што на 24 декември, кога била насилно исфрлена од собраниската сала, Поповска не ѝ помогнала, а и дека со Ферид Мухиќ не се согласува по многу прашања.

 -Прва задача кога ќе влезете во политика е вашата суета па и личните впечатоци и агенди да ги оставите пред врата. Ние сакаме да испратиме порака дека секој што го напуштил режимот откако го видел неговото вистинско лице е добредојден. А, нејзината одлука да се повлече од листата е уште еден доказ дека во сето ова не сме влегле лично и за тоа колку водиме сметка дека политиката може да биде различна. Слично е и со Ферид Мухиќ со кого не се согласуваме по многу прашања, како и со ЛДП и со НСДП, но ние направивме широк фронт со една заедничка точка која сите нас не спојува – да падне криминалниот режим“, рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top