| четврток, 6 декември 2018 |

Астронаут гласаше од вселената

Американскиот астронаут Шејн Кимбро, кој се наоѓа во вселената, гласаше на изборите за нов претседател на САД.

Со тоа тој се придружи на традицијата на гласање на космонаути додека претстојуваат над Земјата.

Кимбро се наоѓа во руската вселенска капсула Сојуз од 19 октомври, кога ја почна четиримесечната мисија со уште двајца руски астронаути.

Американските астронаути  можат да гласаат од вселената од 1997 година, а првиот што го искористи ова право беше Дејвид Волф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top