Болниците чија реконструкција ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе добијат и нова медицинска опрема.
Комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола– инвестиција вредна над 10 милиони евра
-Ова е болница кон која гравитираат жители од поширокиот регион на Југозападна Македонија, и оттука е многу важно да инвестираме во унапредување на условите за третман и лекување на пациентите. Во оваа болница во 2015 година на годишно ниво се реализирани 315.000 амбулантски прегледи, а болнички се третирани над 15 илјади пациенти. Ова само објаснува дека конкретна корист ќе имаат голем број на граѓани од реконструкцијата која ќе ја превземеме, рече Груевски.
Освен тоа во рамките на проектот за набавка на 3700 апарати ќе се обезбедат следниве апарати за болницата:
Комплетно реновирање на Инфективна
-Kомплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби кој е изграден во 1895 година. Ќе биде даден посебен фокус на поставување на автоматски систем за повик на пациент во амбулантите, поставување систем за компримиран воздух и вакум до секоја соба за пациенти, како и реновирање на стационарот и амбулантите. Нашата тенденција е постојано унапредување на условите за лекување на пациентите со инфективни заболувања, и за таа цел ќе инвестираме 200 милиони денари само за градежните работи на оваа Клиника, рече Груевски.
Реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар
-Ќе извршиме реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар, со цел унапредување на условите во установата според сите стандарди на болнички објекти од ваков карактер. При проектирањето, особено внимание ќе се посвети на стандардите, со висок приоритет кон грижата за менталното здравје имајќи предвид дека тоа е една од клучните компоненти која директно влијае на успешноста во лекувањето. За оваа инвестиција се предвидени 24,6 милиони денари, рече Груевски.
Освен тоа во рамките на проектот за набавка на 3700 апарати ќе се обезбедат следниве апарати за болницата:
Целосна реконструкција и адаптација на објектот на Општа болница- Кичево
-Предвидуваме реализација на втората фаза од целосната реконструкција и адаптација на објектот на Општа болница Кичево, со што ќе се комплетира новиот болнички објект на површина од 7.000 квадратни метри, кој ќе содржи пет одделенија од секундарната здравствена заштита, десет специјалистички и четири дневни болници. Само ќе напоменам дека објектот на Кичевската болница беше стар 80 години. Сега објектот се гради согласно најсовремените стандарди, со поставување нови современи лифтови, тоалет во секоја соба, простран паркинг-простор и целосно партерно уредување на околината на овој објект. Реконструкцијата ќе започне наредната година, а ќе заврши во 2019-та година за што ќе бидат инвестирани 130 милиони денари, рече Груевски.
Освен тоа во рамките на проектот за набавка на 3700 апарати ќе се обезбедат следниве апарати за болницата:
Комплетна реконструкција на Градската општа болница „8 Септември“
-Комплетна реконструкција на Градската општа болница „8 Септември“ која е еден од столбовите на болничката здравствена заштита во Скопје и поширокиот регион. Се работи за објект кој е финално изграден во 1971 та година. Оваа година се реализирани над 200 илјади амбулантски прегледи (споредено со 2009 година кога биле прегледани 65.000 амбулански пациенти). Исто така, процентот на хоспитализирани пациенти бележи пораст од над 100 проценти, така на пример, во 2009 година имало околу 6.500 хоспитализации, а годинава тој број е над 14 илјади хоспитализации. (рокот за реализација на вој проект е 2018 – 2020 година). Само оваа инвестиција е во вредност од 50.000.000 денари, рече Груевски.
Освен тоа во рамките на проектот за набавка на 3700 апарати ќе се обезбедат следниве апарати за болницата:
Нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања
-Многу важен градежен зафат кој сакам да го објавам е проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Тоа значи воведување нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања, од што бенефит ќе има и медицинскиот кадар, и пред сè пациентите. Оваа инвестиција ќе изнесува 20 милиони денари. Ова е инвестиција што ќе овозможи бенефит за една поголема категорија пациенти, имајќи предвид дека на годишно ниво минатата година на оваа Клиника се реализирани 77.000 здравствени услуги (вклучувајќи хистопатолошки услуги, лабораториски, биохемиски услуги, болнички третмани итн.), а воедно со оваа инвестиција ќе се зголеми болничкиот капацитет на Клиниката за над 60 места. (рокот за реализација на проектот е 2018-та година), рече Груевски.
Освен тоа во рамките на проектот за набавка на 3700 апарати ќе се обезбедат следниве апарати за болницата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.